23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Милер: Еден податок докажува дека англиските клубови не се доминантни во Европа

Најчитани вести

Томас Милер во интервјуто за „Дејли меил“ се потсети на методите кои ги користел Пеп Гвардиола како тренер на Баерн Минхен, а со оглед на тоа што стануваше збор за разговор со угледен британски медиум, фантастичниот играч на европскиот првак не пропушти да ја коментира и најбогата лига во светот.

Премиер лигата се претвори во пандан за тоа како треба да изгледа едно елитно домашно првенство во изминатите неколку години, пред се поради неверојатните финасии кои ги добиваат клубовите поради доброто менаџирање и распределбата на ТВ правата, но според Милер, тоа не е гарант за успех и во Европа каде Баерн има навистина добро искуство против врвните тимови од Премиер лигата.

Со исклучок на Ливерпул од кого испадна во 2019-та година, Баерн покажа доминација против Јунајтед, Челси, Арсенал и Тотенхем во последните пресметки во Европа, па сето ова го искористи Милер за да испрати карактеристичен „низок удар“ во свој препознатлив стил.

– Јас сум голем фан на Премиер лигата и на интензитетот во ова натпреварување, има навистина многу добри тимови. Нема да кажам дека квалитетот е подобар и дека тимовите се навистина подобри. Има една едноставна причина и доказ за ова што го велам.

– Кога играме против англиските тимови, имаме навистина добро искуство. Немам чувство дека англиските тимови се супер доминантни во однос на другите. Како и да е, натпреварувањето во Англија е фантастично и секој викенд има престижни натпревари кои вредат да се видат, – потенцира Милер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести