22.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Милевски го соопшти списокот со фудбалери за контролните натпревари во Анталија

Најчитани вести

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на 21 март патува за турска Анталија каде што ќе одигра три контролни натпревари, против Казахстан (24 март), Словачка (27 март) и Бугарија (29 март).

Селекторот Благоја Милевски за подготовките во Анталија ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Дамјан Серафимов (Македонија Ѓ.П.), Стефан Јакимовски (Кадино);

Одбрана: Александар Ѓурковски (Вардар), Марио Младеновски (Ботев Пловдив, Бугарија), Виктор Крстевски (Вардар), Блертон Шеји (Струга Трим Љум), Филип Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Филип Антовски (Славија Софија, Бугарија), Мартин Радуловиќ – Величковиќ (Вардар), Бесник Ферати (Академија Пандев);

Среден ред: Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Давид Калпачки (Беласица), Флорент Рамадани (Шкендија), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка), Бојан Димоски (Академија Пандев), Агон Елези (Вараждин, Хрватска), Лука Станковски (Работнички), Димитар Тодоровски (Работнички);

Напад: Марко Ѓорѓиевски (Раднички Пирот, Србија), Дарко Чурлинов (Штутгарт, Германија), Јакуп Бериша (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија), Методија Максимов (Работнички), Берат Калкан (Карачабej, Турција).

– Овие натпревари се последен филтер за тоа како ќе изгледа тимот во квалификациите за Европското првенство. Сите повикани фудбалери ќе добијат подеднаква минутажа на трите меча. Нашата цел е да добиеме точна претстава за квалитетот на секој фудбалер, а на нив останува дали ќе заслужат место во тимот на јунските квалификации, изјави селекторот Милевски за веб-страницата на ФФМ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести