7 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Мила Јововиќ по трет пат бремена и изгледа прекрасно

Најчитани вести

„Открив дека сум бремена пред 13 недели и не ми беше сеедно. Поради мојата возраст и последен пат кога го изгубив бебето, не сакав да се приврзам на ова. Последниве месеци ги поминав по доктори и со семејството и конечно се е во ред. Чекам девојчето, посакувај те ми среќа “, напиша Јововиќ на Инстаграм.

Откако објави дека го очекува своето трето дете, славната актерка Мила Јововиќ е фотографирана на погребот на модниот фотограф Питер Линдберг со големо трудничко стомаче.

44 годишната актерка повторно забременила, откако пред две години имаше спонтан абортус во четвртиот месец од бременоста. Таа ја откри среќната вест пред еден месец на својот Инстаграм профил објавувајќи селфи во кое гордо се фотографира бремена.

Мила и нејзиниот сопруг, 54-годишниот режисер Пол В. Андерсон, имаат две ќерки, 11-годишната Евер и 4-годишната Дашиел, а како што пишуваат американските медиуми и третото ќе биде девојче.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести