Милан е подготвен да понуди 35 милиони евра за дефанзивецот на Јувентус, Мерих Демирал, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.
Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, се очекува на денешната средба на претставници на двата клуба, да бидат договорени условите за трансферот на 21-годишен Турчин.
За играчот интерес пројавија и Манчестер јунајтед и и Атлетико Мадрид.
Демирал првиот дел од минатата сезона беше на позајмица во Аланиеспор, каде настапи на 34 натпревари и постигна три гола. Потоа фудбалерот се врати во Италија, во Сасуоло и одигра 14 натпревари, постигнувајќи два гола.