Бразилскиот репрезентативец во редовите на Милан, Лео Дуарте успешно е опериран во Швајцарија, откако за време на ноемвриската репрезентативна пауза заработи повреда на ахиловата тетива на левата нога.
Дефанзивецот, кој летово потпиша петгодишен договор со Милан ќе мора да одмора четири месеци пред да се врати на теренот.
Дуарте беше редовен стартер откако стефано Пиоли го превзема тимот, но сега е принуден да паузира.
sportmedia.mk