Француските медиуми пишуваат дека Милан се вклучи во трката за фудбалерот на Лион, Набил Фекир. Овој 25- годишен фудбалер има уште една година од договорот со францускиот клуб, а во минатото беше пред траснфер во Ливерпул.
Напаѓачот минатата сезона одигра 39 натпревари за Лион на кој постигна 12 голови и запиша девет асистенции. „Франс фудбал“ пишува дека Милан покажал интерес да го ангажира Фекир, а Звонимир Бобан и Паоло Малдини сакаат да го вратат славниот италијански клуб на победничките патеки.