Милан покажува сериозен интерес за ѕвездата на Расинг, Матијас Зарачо, пренесуваат италијанските медиуми.
21-годишниот офанзивен играч за врска го привлече вниманието на многу европски гиганти, но „росонерите“ покажуваат најсилен интерес во моментов.
Зарачо во договорот со Расинг има откупна клаузула од 25 милиони евра, но Милан во овој момент е спремен да понуди 18 милиони евра.
Новиот тренер Џампаоло игра со формациа 4-3-1-2, па Зарачо може да игра токму на позицијата зад двајца напаѓачи.
Тој е младински репрезентативец на Аргентина, а веќе дебитираше и за сениорската репрезентација на „гаучосите“. За Расинг до сега има одиграно 63 меча на кои постигна 5 гола и запиша 5 асистенции.