Тимот на Милан е повторно лидер на табелата во италијанската Серија А.
„Росо-нерите“ на госувањето кај Верона, со пресврт забележаа победа со 3-1.
Иако домаќините го отворија резултатот во 38-минута преку Параони, сепак во продолжението следуваа два гола на Тонали, а во самиот финиш и погодокот на Флоренци кој само две минути претходно влезе на местото на Ибрахимовиќ.
Со трите освоени бодови Милан се врати на 1.место и ја одржа предноста од два бода во одност на конкурентот за Скудетото, лутиот градски ривал Интер.
До крајот на сезоната во која остануваат уште две кола, Милан ќе ја пречека Аталанта, а во последното ќе гостува кај Сасуоло, додека тимот на Интер ќе игра со Каљари на гости и Сампдорија дома, но веќе задутре Интер го очекува значаен натпревар и тоа против Јувентус во финалето на Купот на Италија.