20.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Милан со последна понуда за Анхел Кореа

Најчитани вести

Италијанскиот клуб е подготвен да плати 40 милиони евра за 24-годишниот Аргентинец, како и уште пет милиони во форма на разни бонуси. Атлетико претходно бараше 50 милиони за трансферот.

Минатата сезона Кореа помина 36 натпревари во шпанската Примера на кои постигна три гола и оствари две асистенции. Неговиот договор со Атлетико важи до 2024 година.

Претходно „росонерите“ успеаја да ангажираат четири летни засилувања, а за нив новата сезона во Серија А ќе стартува на 25 август на гостувањето кај Удинезе на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

Во подготвителниот период фудбалерите на тренерот Џампаоло претрпеа три порази од Манчестер јунајтед на пенали, а минимално двапати со 1:0 од Бенфика и Баерн Минхен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com