3.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Милан сакаат тројца фудбалери од Челси

Најчитани вести

Милан се обидуваат да се договорат со Челси за трансфер на дури тројца фудбалери – Оливие Жиру, Тиемуе Бакајоко и Хаким Зијеш, тврди „Скај спорт Италија“.

„Росонерите“ веќе ги имаа договорено личните услови со Жиру, но Челси неочекувано ја активираа клаузулата за продолжување на договорот до 2022. Според италијанските извори, Милан би го надминале ова со осигурување на троен трансфер за Жиру, Зијеш и Бакајоко.

28-годишниот Зијеш дојде на „Стемфорд бриџ“ од Ајакс минатото лето за 40 милиони евра, но имаше само 6 гола и 4 асистенции во 40 меча за „сините“, и би пристигнал на „Сан Сиро“ на позајмица со опција за купување.

Бакајоко веќе беше позајмен на Милан во 2018/19, а потоа минатата сезона ја помина на позајмица во Наполи, кои решија да не го откупат неговиот договор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести