13 C
Skopje
Friday, April 16, 2021

Милан му се приклучува на Спортинг Лисабон во трката по Трајковски

Најчитани вести

Милан се вклучува во трката по Александар Трајковски и може да му ги расипе сметките на Спортинг Лисабон кој исто така се интересираше за македонскиот фудбалер.

Италијанскиот новинар, Алфредо Педуло кој синоќа прв излезе со веста дека Спортинг Лисабон го сака Трајковски, сега пишува дека и Милан се вклучува во трката.

Александар Трајковски беше еден од најдобрите во изминатата сезона од Серија Б, па станува интересен за клубовите бидејќи ќе можат да го добијат и бесплатно поради актуелната ситуација на Палермо кој најверојатно ќе заврши во Серија Д.

Поради проблемите со финансискиот фер-плеј, Милан не може да се расфрла со пари за купување на нови фудбалери, а има место за играчи кои се надвор од Европската унија.

Во македонскиот фудбалер гледаат играч кој бесплатно би можел да ја зголеми конкуренцијата во тимот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести