24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Милан испрати понуда до Леванте за Барди

Најчитани вести

Македонскиот репрезентативец Енис Барди има важечки договор со Леванте до крајот на сезоната поточно до 30 јуни 2022 година.

И натаму нема никакви најави за евентуално продолжување на соработката меѓу двете страни, а како што е познато во важечкиот договор постои опција Барди да остане уште две години во клубот од Валенсија.

Сезонава во најсилното шпанско првенство забележа три гола во 14 настапи. Леванте има само еден триумф во „Ла Лига“ на последната 20 позиција и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во елитата.

Веќе се шпекулира околу иднината на 26-годишниот фудбалер од средниот ред, има информација дека италијанскиот гигант Милан нуди пет милиони евра за услугите на Барди, а интерес покажува и Торино.

Нашиот репрезентативец ја игра петтата сезона во дресот на Леванте, а претходно четири години беше дел од унгарскиот Ујпешт.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com