15.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Милан го престави новиот дрес – Пума повторно ги оправда очекувањата

Најчитани вести

Во неделата, Милан ги воодушеви навивачите со победата против Јувентус во Торино, а денес им приреди ново изненадување на своите навивачи.

Росонерите играат многу добра сезона и по неколку сезони пауза се чини дека конечно ќе се пласираат во Лигата на шампионите.

Милан беше во конкуренција за Скудетото до пред неколку кола, но едноставно не успеа да остане во чекор со градскиот ривал Интер, кој на крајот успеа да ја обезбеди титулата во Италија.

Иако има уште три кола до крајот на сезоната во Милано, тие веќе размислуваат за нова сезона.

Така, денес „росонерите“ ги претставија новите дресови за следната сезона, и ова е првиот сет на дресови во кои клубот од Сан Сиро ќе игра поголем дел од натпреварите.

Фановите на Милан се воодушевени од дизајнот подготвен од Пума, кој повторно не потфрли во однос на дизајнот, што навистина изгледа како полн погодок

Реакциите на навивачите на клубот од Сан Сиро на социјалните мрежи се позитивни. Пумата малку го смени дизајнот во однос на линиите на дресовите, но за нив најважно е навивачите да бидат задоволни од тоа како изгледа новиот дрес.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести