17.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Милан го „блиндира“ своето дете: Калабрија добива двојно повисока плата

Најчитани вести

Милан игра одлично во последно време, а едно од најпријатните изненадувања е сигурно Давиде Калабрија.

Калабрија оваа сезона е еден од најважните играчи во тимот на Пиоли и се етаблираше во еден од најдобрите десни бекови во лигата.

24-годишниот фудбалер, кој е продукт на школата на Милан, дури и дебитираше за италијанската репрезентација, па го привлече вниманието на многу клубови.

„Росонерите“ сакаат долгорочно да го задржат во своите редови, па му понудија нов договор, а италијанските медиуми потврдија дека двете страни се блиску до договор.

Калабрија наскоро ќе стави потпис до 2025 година и ќе добие двојно повисока плата, односно 2,2 милиони евра по сезона.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести