-9.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Миланов: Велјановски ја водел седница согласно Деловникот на Собранието

Најчитани вести

– Обвинетитот Трајко Велјановски, не комуницирал со ниту еден од другите обвинети во случајот „Организатори на 27 април”, во наводно планирање на упадот во Собранието, истакна неговата одбрана во завршните зборови за овој случај. Адвокатот Еленко Миланов, во денешните завршни зборови истакна дека од 30 илјади пораки од Велјановски, воопшто нема комуникација меѓу него и обвинетиот Владимир Атанасовски (поранешен директорот на УБК), Никола Бошковски (во бегство) и обвинетиот Миле Јанакиевски.

– Од ниту еден сведок од обвинителството не слушнавме дека Трајко Велјановски имал комуникација со Владимир Атанасовски и Никола Бошковски. Во овој период Велјановски нема апсолутно никаква комуникација со Миле Јанакиевски. Додека, има шест пораки меѓу него и обвинетиот Спиро Ристоски, кој во тоа време бил министер за образование, рече адвокатот Еленко Миланов.

Бранителот на Трајко Вељановски, адвокатот Еленко Миланов, исто така наведе дека уставниот поредок во тој период во РМ е парламентарна демократија и истиот е и по 27 април 2017 година и никаде не постои навод, дека некој сакал или се обидел да воспостави друг уставен поредок во земјата.

– Со тоа не е исполнет првиот и основен дел од оваа инкриминација за да може да се тврди дека некој од овде обвинетите го сторил делото. Ништо такво ниту се става на товар на обвинението, она што се става на товар е насилство, изјави Миланов.

Од сите изнесени докази, и вербални и материјални, нагласи Миланов, само се потврди дека Трајко Вељановски конститутивната седница во Собранието ја водел строго според Деловникот.

– Не може за ова да го прогласите Трајко Вељановски за виновен, рече Миланов.

Судењето за овој предмет го води судијата Илија Трпков. Главната расправа е во фаза на завршни зборови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com