-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Милановиќ: Хрватска е во ЕУ поради безбедноста, слободата и пари

Најчитани вести

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, изјави дека Хрватска е во Европската унија „за да биде подобра, да има безбедност, слобода, но и пари”.

– Дадовме многу материјално, се откажавме од многу работи за да влеземе во Европската унија. За нас, сепак, нашата татковина е пред се. Хрватска е дом на сите нас, сите сме еднакви во неа, и ние сме во Европската унија со цел да имаме корист од тоа да бидеме подобри, да имаме поголема безбедност и слобода. И на крајот да имаме пари, рече Милановиќ синоќа за време на посета на Општина Вир.

Тој додаде дека поминале осум години од влегувањето на Хрватска во ЕУ, дека тие осум години биле тешки, но дека Хрватска се навикнува на тоа.

Тој зборуваше и за сумата што Хрватска успеа да ја искористи од Европската унија – „повеќе од 40 милијарди куни” (околу 5,5 милијарди евра), проценувајќи дека звучи многу, но дека всушност е малку.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com