15.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Милановиќ: Тука сме да им помогнеме на пријателите да влезат во ЕУ, тоа е во интерес на сите

Најчитани вести

Загреб и Љубљана се тука за да им помогнат на пријателите од Западен Балкан да влезат во Европската Унија, бидејќи тоа е во интерес на сите. Како што е и претпоставката дека е во интерес на Словенија влезот на Хрватска во шенген-зоната, рече вчера на Блед хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Претседавачите на Процесот Брдо-Бриони, претседателите на Хрватска, Зоран Милановиќ и на Словенија, Борут Пахор, одржаа работен состанок на Блед пред годишниот состанок на Процесот Брдо-Бриони, на кој ќе присуствува и македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Иницијативата Брдо-Бриони во изминатите 10 години покажа „дека има многу смисла“, изјави Милановиќ пред новинарите пред средбата со својот колега Пахор.

„Тука сме да ги охрабриме и да им помогнеме на пријателите и соседите од Западен Балкан, по правило од просторите на поранешна Југославија плус Албанија, што е можно побрзо да влезат во Европската Унија, ако е можно, бидејќи тоа е во интерес на сите“, рече хрватскиот претседател.

Милановиќ претпоставува и дека е во интерес на Словенија Хрватска што е можно побрзо да влезе во шенген-зоната.

„Сето ова е дел од една широка приказна во која ќе сториме сѐ што е можно, пред сè нашата влада, односно извршната власт, но и од наша страна, да ги направиме соседите, што е можно побрзо, дел од заедницата на која ние ѝ припаѓаме“, рече Милановиќ.

Претседателот на Хрватска рече дека не постојат исти ставови за сите прашања, но дека верува дека има точки што се компатибилни.

Пахор рече дека по година и пол прекин на дијалогот се нагласиле разликите во ставовите, но додаде дека поради тоа, потребата за дијалог е уште поголема.

„Ние го гледаме Западен Балкан како целина, а не само како одделни држави“, рече Пахор, како што објави словенечката агенција СТА.

Процесот Брдо-Бриони беше инициран од Хрватска и Словенија во 2013 година со цел да се стабилизира состојбата во европскиот југоисток преку регионална соработка и решавање на отворените прашања и да се создадат предуслови за проширување на Европската Унија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести