16 C
Skopje
Wednesday, March 3, 2021

Мигранти се обиделе да ја преминат грчката граница маскирани во украинска одбојкарска екипа

Најчитани вести

Грчката полиција уапси десет сириски мигранти кои биле маскирани како членови на украинската одбојкарска репрезентација.

Тие биле уапсени во неделата на атинскиот аеродром, откако полицијата утврдила дека пасошите што ги имаат со нив биле пријавени дека се украдени или изгубени.

Сириските мигранти носеа идентични дресови, спортски торби, а исто така имаа и две одбојкарски топки, соопшти полицијата.

Откако биле испитани, било утврдено дека не се членови на одбојкарската екипа, објави АП.

Мигрантите ќе бидат изведени пред лицето на правдата за обидот илегално да ја напуштат земјата со украдени документи.

Тие имале намера да стигнат до други земји од Европската Унија, соопшти грчката полиција, без да прецизираат за која земја станува збор.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести