-8.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Мигранти во Србија киднапираат странци и бараат откуп

Најчитани вести

Мигрантите последните неколку дена сеат страв во Србија. Тројца млади момчиња од Пакистан, киднапирале двајца индиски државјани, а потоа ги малтретирале во стан во Палилула, барајќи од пријателите и роднините на жртвите откуп од 1.000 евра.

На тој ден граѓаните на Индија биле на главната автобуска станица во Белград со поголема група сонародници. Рекле дека одат по храна но не се вратиле.

Пакистанците им пришле на двајцата Индијци и им понудиле сместување. Потоа биле однесени во стан во Палилула и таму ги претепале за добро да ги заплашат. Прво им ги побарале сите пари што ги имаат со себе, во износ од неколку стотици евра, а потоа да им се јават на пријателите и да им кажат што им се случило, со барање за откуп од 1.000 евра. Нивните загрижени пријатели за тоа време ги барале низ целиот град, а потоа им се јавиле. Но, веднаш повикале полиција, која ги пронашла киднаперите и ги уапсилe.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com