14.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

МЗ: Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Најчитани вести

Министерството за здравство со поддршка од Светска здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ од понеделник (21 март) почнува со караван за вакцинација против Ковид-19, кој ќе опфати 14 локални заедници низ државата. На секое од овие места, согласно распоредот, граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против Ковид-19.

Исто така, на овие локации граѓаните кои се вакцинирани во странство ќе имаат можност да се евидентираат во системот МојТермин.

Имајќи предвид дека невакцинираната популација има поголем ризик од смртен исход од Ковид-19, во споредба со вакцинираните, тоа значи дека голем дел од популацијата останува незаштитена. Одлуката за вакцинирање не треба да се одложува.

Вакцинирањето е побезбеден начин за заштита на здравјето, отколку инфекцијата со вирусот, која може да доведе до смртен исход, а бустер дозите овозможуваат континуирана и максимална заштита.

Покрај активностите од караванот за вакцинација, кои ќе се реализираат во следните две недели и ќе опфатат 14 локални заедници, граѓаните имаат можност секој ден да се вакцинираат и во здравствените домови во државата.

Инаку, статистичките податоци покажуваат дека се намалува старосната граница на заразени од коронавирус кои развиваат тешка клиничка слика на болеста. Меѓу последно евидентираните хоспитализации и смртни случаи, предизвикани од компликации на Ковид-19 во земјава има сè повеќе млади лица, кои се на удар и во најголем ризик во четвртиот бран на пандемијата, така што со овој караван целта е да ја приближиме можноста за вакцинирање до сите категории граѓани кои досега не се вакцинирале.

Вакцините кои се користат се сигурни и безбедни, и здравствените домови располагаат со доволни количини вакцини.

Вакцинацијата останува најефикасна заштита од заболување, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт, а колективниот имунитет е единствениот начин да се победи пандемијата.

Во продолжение распоредот со локации кои се вклучени во организиран караван:

21 март од 11 до 15 часот – Шуто Оризари, плоштад
22 март од 12 до 16 часот – Кратово, плоштад
23 март од 12 до 16 часот – Радовиш, плоштад
24 март од 12 до 16 часот – Струмица, плоштад
25 март од 12 до 16 часот – Ново Село (Струмица), на пазарот
26 март од 11 до 15 часот – пред Ист Гејт Мол во Скопје
27 март од 11 до 15 часот – Куманово, плоштад
28 март од 12 до 16 часот – Липково, паркинг во село Матејче
29 март од 12 до 16 часот – Арачиново, до поштата
30 март од 12 до 16 часот – Чучер Сандево, во ОЈУ Партизански дом во село Сандево
31 март од 12 до 16 часот – Зелениково, во дворот ОУ „Марко Цепенков“
1 април од 12 до 16 часот – Врапчиште, Дом на култура во село Неготино
2 април од 11 до 15 часот – Кичево, Дом на култура
3 април од 11 до 15 часот – Струга, Ново Шеталиште

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com