19 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

МЗ: До крајот на месецов ќе пристигнат пет фрижидери за вакцините против ковид-19

Најчитани вести

Пет специјални фрижидери со капацитет да мрзнат до минус 80 степени целзиусови за чување на вакцините против ковид-19 се очекува месецов да пристигнат во земјава. Тие се донација од американска фондација, а од Министерството за здравство велат дека ќе има и дополнителни вакви магацински капацитети преку донации.

Останатата инфраструктура за вакцинацијата е подготвена, операторите веќе имаат т.н. студени соби и возила за ладен синџир на дистрибуција на вакцините. И здравствените работници ќе добијат посебен тренинг за манипулација со самата вакцина, односно за земањето, дозирањето и растворањето.

-Преку СЗО во нашата земја ќе стигнат уште 3 фрижидери на -30 и два фрижидери на -80 степени. Така дополнително ќе се зголеми капацитетот за чување вакцини. За вакцинација на граѓаните ќе се користат постоечките вакцинални пунктови, бидејќи таа инфраструктура е добро поставена и функционира, велат од Министерството за здравство .

Првите дози вакцини преку Ковакс-механизмот се очекува земјава да ги добие кон крајот на јануари или почетoкот на февруари. Потоа, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, преку директна спогодба со компанијата „Фајзер“ и донација од Делегацијата на ЕУ се очекуваат вакцини за вкупно 1,2 милиони граѓани. Тоа, според здравствените власти, е доволно за колективен имунитет.

Професорот на Медицинскиот факултет, Никола Пановски, за ТВ Алсат вели дека клучно е граѓаните „да издржат“ до пролетта, оти со вакцинацијата и повеќе време поминато на отворено, потешко ќе оди преносот на вирусот. Сега уште постои ризик. Треба да се издржи, иналу џабе ќе биде сè што сме правеле досега, тоа е како во Втора светска војна во 1945 г. во мај да загинете, вели тој.

Сепак, според Пановски, враќањето на живот без здравствени протоколи е далеку.

-Целосно разлабавување, спортски натпревари и концерти со публика без здравствени протоколи, доколку е успешна вакцинацијата и опфатот е добар, нема да биде пред март догодина, вели Пановски.

Со оглед на тоа што што бројките на новозаразени сигнализираат дека ситуацијата со ковид-19 се смирува, министерот за здравство веќе најави дека е можно определено олабавување на мерките, првично за подолго работно време на угостителските објекти. За тоа последниот збор ќе го има Комисијата за заразни болести, но не пред 21 јануари.Пет специјални фрижидери со капацитет да мрзнат до минус 80 степени целзиусови за чување на вакцините против ковид-19 се очекува месецов да пристигнат во земјава. Тие се донација од американска фондација, а од Министерството за здравство велат дека ќе има и дополнителни вакви магацински капацитети преку донации.

Останатата инфраструктура за вакцинацијата е подготвена, операторите веќе имаат т.н. студени соби и возила за ладен синџир на дистрибуција на вакцините. И здравствените работници ќе добијат посебен тренинг за манипулација со самата вакцина, односно за земањето, дозирањето и растворањето.

-Преку СЗО во нашата земја ќе стигнат уште 3 фрижидери на -30 и два фрижидери на -80 степени. Така дополнително ќе се зголеми капацитетот за чување вакцини. За вакцинација на граѓаните ќе се користат постоечките вакцинални пунктови, бидејќи таа инфраструктура е добро поставена и функционира, велат од Министерството за здравство .

Првите дози вакцини преку Ковакс-механизмот се очекува земјава да ги добие кон крајот на јануари или почетoкот на февруари. Потоа, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, преку директна спогодба со компанијата „Фајзер“ и донација од Делегацијата на ЕУ се очекуваат вакцини за вкупно 1,2 милиони граѓани. Тоа, според здравствените власти, е доволно за колективен имунитет.

Професорот на Медицинскиот факултет, Никола Пановски, за ТВ Алсат вели дека клучно е граѓаните „да издржат“ до пролетта, оти со вакцинацијата и повеќе време поминато на отворено, потешко ќе оди преносот на вирусот. Сега уште постои ризик. Треба да се издржи, иналу џабе ќе биде сè што сме правеле досега, тоа е како во Втора светска војна во 1945 г. во мај да загинете, вели тој.

Сепак, според Пановски, враќањето на живот без здравствени протоколи е далеку.

-Целосно разлабавување, спортски натпревари и концерти со публика без здравствени протоколи, доколку е успешна вакцинацијата и опфатот е добар, нема да биде пред март догодина, вели Пановски.

Со оглед на тоа што што бројките на новозаразени сигнализираат дека ситуацијата со ковид-19 се смирува, министерот за здравство веќе најави дека е можно определено олабавување на мерките, првично за подолго работно време на угостителските објекти. За тоа последниот збор ќе го има Комисијата за заразни болести, но не пред 21 јануари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести