Home » “МЕ ИЗЛАЖА ДА ГИ СОБЛЕЧАМ ГАЌИЧКИТЕ“: Шерон Стоун раскажа како дошло до познатата сцена! (ФОТО)

“МЕ ИЗЛАЖА ДА ГИ СОБЛЕЧАМ ГАЌИЧКИТЕ“: Шерон Стоун раскажа како дошло до познатата сцена! (ФОТО)

by Lina Muslija

Шерон Стоун прозборела за познатата сцена од филмот „Ниски страсти“, за која била измамена да ја сними. Режисерот ја убедувал да ги соблече гаќичките.

Актерката е еден од најдолговечните секс симболи во Холивуд, а се тоа е благодарение на филмот „Ниски страсти“, во кој играла фатална жена. Сцената во која ги прекрстила нозете без долна облека остана во сеќавање на многу мажи, а Шерон раскажа како дошло до таа сцена.

Русокосата убавица играла во незабележани филмови и серии, а потоа дошла улогата во „Тотален експлозив“, но бидејќи таму останала „облечена“, агентот и рекол дека никогаш нема да ја гледа како убавица и ќе добива досадни улоги.

Шест недели подоцна, Шерон ја добила улогата во филмот „Ниски страсти“. И токму таму, режисерот ја прелажал да ги соблече гаќичките.

„Ме излажа, ми кажа дека морам да ги соблечам, бидејќи се рефлектираат од светлото. Ме убедуваше дека ништо не се гледа“ – раскажала Шерон пред две години.

Фото: Getty Images

„Во петокот беше премиерата, а во вторник тргнав со автомобил да ги соберам очилата со диоптрија. И на црвено светло на семафорот, луѓето почнаа да ми се фрлаат на автомобилот. Другите возачи свиреа со свирките, а јас седам во  малото БМВ и се мислам дали можам да тргнам ако имам неколку луѓе на хаубата“ – рекла во едно интервју.

Шерон доживеала поголема непријатност, бидејќи фановите почнале и физички да ја напаѓаат кога ја гледале.

„Со молба да не ми ги влечат ретровизорите и браниците, почнав и да ги молам луѓето на улица да не ми ја кинат облеката и да не ме влечат за коса“ – се присетила таа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More