Изет Меџити од „Огнените“ од ДУИ утре започнува процедура за формирање на нова партија. Според сознанија на ТВ 21, целта е да се обедини опозицискиот фронт.
На прашањето дали имаат име за партијата, тој изјавил дека размислуваат а дебатата одамна е отворена и очекуваат и иницијативи од граѓаните. Лидерот на „Огнените“ информираше дека тоа ќе биде демократско движење, кое поинаку ќе го артикулира мислењето.
На оваа одлука неодамна се спротистави Блерим Беџети, кој е исто дел од „огнената група“. Според него, нема потреба од формирање нов политички субјект, бидејќи така ќе се расцепка албанското бирачко тело, а проблемите треба да ги решаваат внатре во партијата.