Изет Меџити, потпретседател на ДУИ вечерва гостува во „Клик Плус“ на ТВ21. Тој е предводник на т.н. „Огнена група“ и дебатираме на различни теми за партијата.
Меџити го коментираше соопштението на неговата партија на кое се напоменува дека ДУИ жали за самоповлекувањето на „огнените“ од Централното претседателство, и жали што петтемина членови на претседателството на партијата одлучиле да се самоповлечат од Централното претседателство.
Меџити вечерва кажа дека дека ДУИ функционира во целосна анархија, не се знае кој носи одлуки. Според него, тој е потпретседател на ДУИ и член на ДУИ, и така ќе биде и понатаму. Меџити вели дека не се “самоисклучиле” и остануваат дел од ДУИ. Меџити вели дека доколку конгресот одлучи да ги разреши, тогаш е сосема поинаку, затоа што конгресот ги избрал, а не неколку ченови на ДУИ.