Државјанинот на Бангладеш во последните 10 години работел во Грција, продавал накит, а во кобниот воз се качил бидејќи требало да ја посети Атина поради обврски со неговата работа.
Успешно е идентификувана една од 57-те жртви од железничката несреќа кај Лариса, Грција, која досега грчките власти не можеа да потврдат која е.
Станува збор за 33-годишен маж од Бангладеш чие семејство преку адвокат се јавило кај надлежните органи. Досега неговото тело не можело да биде идентификувано бидејќи во базите немало компаративен примерок од ДНК.
Идентитетот е потврден денеска откако, како што пишува „Катимерини“, биле искористени примероци од ДНК земени од четката за заби од домот каде што живеел.
Државјанинот на Бангладеш во последните 10 години работел во Грција, продавал накит, а во кобниот воз се качил бидејќи требало да ја посети Атина поради обврски со неговата работа. Тој во полицијата бил пријавен за исчезнат и од негов пријател кој знаел дека треба да патува до главниот град.
Според информациите од грчките медиуми, од 57-те жртви, не се идентификувани уште две лица за кои продолжува потрагата.
Од патниците кои беа повредени, пак, уште седум се хоспитализирани на одделенијата за интензивна нега.