7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Меѓународни саеми за земјоделство и за органски и традиционални производи

Најчитани вести

Во Куманово од денеска до недела на отворено ќе се одржат 5. Меѓународен саем на органски и традиционални производи „ОРГАНСКА ТРПЕЗА” 2022 и 1. Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АГРО МАК” 2022.

Саемите се во организација на Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитет „ЖИВОТ” и Комората на органски производители – КОП од Куманово, поддржани од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Куманово.

Саемите имаат уникатна програма која вклучува повеќе содржински компоненти. Ќе има изложбен дел на кој своите производи и опрема ќе ги претстават производители, откупувачи, преработувачи на храна, пијалоци и земјоделски производи, трговци со амбалажа…. Втората компонента е промотивен дел за претставување на општини, агенции, асоцијации, федерации, задруги, кластери, здруженија, владини и невладини организации, стопански комори и заедници. Како дел од содржинските активности, ќе бидат поставени традиционални трпези на заедниците на кои ќе бидат презентирани традиционалната храна, фолклор и култура претставени од здруженија на заедниците на националностите и здруженија и организации кои ги негуваат традицијата, занаетите и фолклорот.

Третата компонента на саемите е едукацијата и потребата од размена на научни, стручни и апликативни мислења и практики од областа на земјоделството, добрата земјоделска пракса и производството на безбедна храна, како и потребата за овозможување на научна и стручна соработка.

Во рамки на саемот ќе бидат организирани работилници, панел дискусии, тематски мини-форуми и предавања. Предвидено е да се одржат и Б2Б средби и презентации на компании.

На саемот најавено е учество на околу 3000 луѓе, од кои 200 до 250 излагачи од земјава, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Република Српска, Босна и Херцеговина, Словачка, Унгарија, Црна Гора, Косово, Турција и други.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести