Home » Меѓународниот суд на правдата денеска ќе ја соопшти одлуката по тужбата на Украина за руската инвазија

Меѓународниот суд на правдата денеска ќе ја соопшти одлуката по тужбата на Украина за руската инвазија

by Журнал.мк

Највисокиот суд на Обединетите нации се очекува денеска да донесе одлука за тужбата со која се оспорува руската инвазија врз Украина, што е прва таква пресуда на овој меѓународен суд од почетокот на војната пред речиси три недели, јави ДПА.

Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг денеска ќе ја соопшти својата одлука во итната постапка на Украина против Русија.

Украина ја обвини Русија за кршење на Конвенцијата за геноцид од 1948 година и побара судот да нареди итен прекин на непријателствата.

Украина, исто така, побара судиите да утврдат дека не постои правна оправданост за инвазијата. Русија го бојкотираше сослушувањето на 7 март, појаснува германската агенција.

Иако пресудите на МСП се обврзувачки, тој нема никаква извршна моќ да ги спроведе во ниту една земја.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More