4.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Меѓаши: Османи да не ги штипка децата на Авганистанците

Најчитани вести

Прва детска амбасада Меѓаши му забележа на министерот за надворешни работи Бујар Османи за штипкањето на децата на Авганистанците, кои допатуваа пред два дена во Скопје на привремен престој по превземањето на власта во таа земја од страна на Талибанците.

Од таму, алудирајќи на шефот на македонската дипломатија, сметаат дека пред локалните избори ваквите гестови кон децата се политичка кампања и дека тие моменти се неетички искористене за промоција.

„Секоја пригода кога политичар ќе се сретне со дете и ќе биде јавно фотографиран може да се смета за кампања! Бараме посочените видеа и фотографии под итно да се повлечат! Крајно време е политичарите кои ги злоупотребуваат децата за политички цели, да сносат одговорност!

Политичките партии и политичките фигури не успеваат целосно да разберат што е најдобар интерес на детето. Тие и понатаму ги користат децата на најразлични начини за добивање политички поени. Секоја пригода кога политичар ќе се сретне со дете и ќе биде јавно фотографиран може да се смета за кампања и повлекува соодветна одговорност и бара јасен одговор кон што или кому тоа фотографирање придонесува.
Дури и во случаи кога се работи за директна заштита или помош на деца, фокусот постојaно треба да биде на она што е потребно да се направи за децата, како и на причините зошто тие деца се наоѓаат во таква тешка ситуација, а не на самите политичари или институции кои помагаат, а тоа впрочем им е и должност. Да не збориме колку е важно да се заштити идентитетот на децата! За жал, најчесто се работи за обиди преку слики со деца да се прави сопствена политичка промоција или промоција на сопствената политичка партија. Затоа, политичарите не треба да ги штипкаат децата, да се сликаат со нив и да им делат подароци пред камерите или да сечат ленти со децата, туку треба сериозно да работат на проблемите кои ги засегаат децата, да го изнесуваат своето мислење и гласно да поставуваат прашања што ја засегаат оваа ранлива група. Да потсетиме дека со години во континуитет повеќе политичари/ки се сликаа со деца или политичките партии подготвуваа видеа во кои децата се главни ликови, а најскорешен настан беше пречекот на децата од Авганистан.

На пр. министерот Бујар Османи наместо да се слика со децата, да ги штипка и да им дели подароци, ќе ценевме доколку и соопштеше на јавноста каква грижа е обезбедена за децата, а не под превезот на солидарност кон децата бегалци од Авганистан да ги инструментализира најмладите за политички маркетинг на чекор пред изборите“, се вели во дел од реакцијата на „Меѓаши“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com