Home » Мечки за малку ќе настрадаа на патот Маврови Анови-Дебар

Мечки за малку ќе настрадаа на патот Маврови Анови-Дебар

by Журнал.мк

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, објави видео од мечка со две мечиња во обид да го преминат патот Маврови Анови-Дебар.

„Синоќа за малку ќе настрадаа мечка со две мечиња додека се движеа по магистралниот пат од Маврови Анови кон Дебар. Нештата изгледаат поинаку додека ги гледаме од безбедно на нашиот мобилен телефон. Блиските средби изгледале сосем поинаку. Барем така тврдат жителите на овие села а јас немам причина да не се согласам со нив“, напиша директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Минатата недела, Општина Маврово и Ростуше поднесе барање до Владата за прогласување кризна состојба поради големиот број мечки кои, како што наведуваат од Општината, претставуваат опасност за животот и имотот на жителите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More