1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

МЕТ ДЕЈМОН – ГЛУМЕЦ КОЈ ОДБИЛ НАЈГОЛЕМИ ПАРИ ВО ИСТОРИЈАТА НА ФИЛМОТ

Најчитани вести

Mет Дајмон славата ја стекнал со маестрални актерски способности, кој повеќекратно се докажал во бројни филмови, меѓу кои се неколку од оние кои со право се носат со епитетот култни.

Сепак, како што и самиот Мет тврди, во историјата на филмовите ќе биде забележан и како глумец кој одбил најголем износ на пари од кога било.

Имено, Дејмон ја одбил улогата во филмот “Аватар“ кој до денес заработил преку 2,8 милијарди долари ширум светот.

– Еден ден ме повика Џејмс Камерон (режисер познат по филмовите “Осмиот патник“ и “Титаник“) и ми понуди улога во еден мал филм, во замена да добијам десет проценти од вкупната заработувачка. Јас го одбив не знаејќи колку голем ќе биде успехот на овој филм. Никогаш нема да сретнете глумец кој одбил вакви пари. Поради тоа ќе влезам во историјата, раскажал Мет за “Deadline”.

Сепак, и без овој филм Дејмон се вбројува во најплатените глумци, со обзир на тоа дека досега заработил 3,8 милијарди долари, а може да се пофали и со Оскар, како и со два Златни глобуса.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести