1.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Метеор го осветли небото над Норвешка, експертите го истражуваат (ВИДЕО)

Најчитани вести

Голем метеор синоќа го осветлил небото над Норвешка, а можел да се види и од Шведска, јавија локалните медиуми.

Сведоците ја контактирале полицијата кога ја виделе исклучително јаката светлина и слушнале силна бучава, пишуваат денес норвешките медиуми.

Некои ги отвориле прозорците и вратите бидејќи почувствувале промена на притисокот на воздухот. Новинар на норвешкиот весник Верденс ганг метеорот го опиша како огнена топка во воздухот која го осветлила целото небо.

Светлината по 1 часот наутро (по локално време) можела да се види на југот на Норвешка, но и во Шведска.

Експертите сметаат дека делови од метеорот паднале западно од главниот град Осло.

Вегард Лундби од Норвешката мрежа за следење метеори кажа дека во моментов се трага по остатоците од метеорот на Земјата кои би можеле да тежат неколку килограми.

Големината на метеорот е сè уште непозната, но извештаите покажуваат дека бил прилично голем. Некои проценки се дека тежи и неколку десетици килограми.

Според ВГ, научниците сметаат дека метеорот стигнал од појас со астероиди меѓу Марс и Јупитер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести