36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Мета ја прекинува соработката со Рама: Знаел за планот за размена на територии

Најчитани вести

Албанскиот претеседател Илир Мета изјави дека повеќе нема да соработува со премиерот Еди Рама, бидејќи бил запознаен со планот за размена на територии помеѓу Белград и Приштина.
Како што нагласил, „Рама го продаде морето на Грција“.

Мета за време на гостувањето во албанската телевизија „Сири“ изјави дека никогаш нема да склучи политички договор или коалиција со Рама, бидејќи го довел во прашање територијалниот интегритет на Албанија и границите на Косово, пренесе порталот „Егзит“.

Мета и Рама повеќепати се судрија за време на нивните кариери, но во 2013 година соработуваа и заедно ја формираа владата.

Мета во 2017 година беше избран за претседател на Албанија со поддршка на Социјалистичката партија на Рама, но веќе истата година дојде до прекин на коалицијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести