Home » Мета ја поздрави поддршката на Шулц за Берлинскиот процес како сеопфатна иницијатива

Мета ја поздрави поддршката на Шулц за Берлинскиот процес како сеопфатна иницијатива

by Журнал.мк

Албанскиот претседател Илир Мета ја поздрави изјавата на германскиот канцелар, Олаф Шолц, кој по средбата со косовскиот премиер Албин Курти, уште еднаш ја истакнал својата посветеност за Берлинскиот процес.

Мета на Фејсбук пишува дека поддршката на оваа сеопфатна иницијатива е во најдобар интерес на Албанија, Косово и регионот за поконкретни резултати, поголема финансиска поддршка и повеќе европски вредности.

– Ја поздравувам заложбата на канцеларот на Германија, Олаф Шолц, искажана и на премиерот на Косово, Албин Курти, за продолжување на Берлинскиот процес со нова динамика. Поддршката на оваа сеопфатна иницијатива е во најдобар интерес за Албанија, Косово и целиот регион, за поконкретни резултати, поголема финансиска поддршка и со многу европски вредности, истакна Мета.

Албанските медиуми пренесувајќи информација за вчерашната средба на Курти со Шолц, посебно ја акцентираат неговата поддршка за визна либерализација за Косово.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More