22.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Мета: Косово отвори нова страница на својот европски пат

Најчитани вести

Албанскиот претседател Илир Мета им честиташе на граѓаните на Косово и на политичката класа по парламентарните избори, одржани вчера, оценувајќи ги како одличен пример за доверба во демократијата и слободно дадениот глас.

-Честитки до сите граѓани и политичката класа на Косово за одличниот пример за доверба во демократијата и слободното гласање, како и за успешните стандарди постигнати на вчерашните парламентарни избори. Го поздравувам високиот одѕив на граѓаните кои не ги спречија тешките временски услови и пандемијата Ковид-19 да ги преземат работите во свои раце и да одлучат за нивната иднина, напиша Мета.

Според него Косово отворило нова страница на својот европски пат и консолидацијата на демократската држава.

-Косово отвори нова страница на својот европски пат и консолидацијата на демократската држава. Посакуваме новите институции, кои ќе се формираат преку соработка, успешно ќе ја водат државата Косово за да ги победи предизвиците во иднина, додава Мета.

Честитки до својот пријател Албин Курти упати генералниот секретар на владејачката Социјалистичка партија,Таулант Бала,додавјаќо дека со нетрпение очекува да соработуваат. Тој со оценка дека изборите биле спроведени на најдобар можен начин.

Бала и со порака до домашните полтички партии по 25 април да ги признаат изборните резултати, исто како оние на Косово.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести