21 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Мета: Време е да се прифати реалноста дека Косово е држава

Најчитани вести

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, кој се одржува во Босна и Херцеговина, повика регионот да ја препознае реалноста дека Косово е независна и суверена држава.

Илир Мета пристигна на самитот во Јахорина, откако албанскиот премиер Еди Рама одлучи да се солидаризира со приштинските власти, кои одбија да учествуваат на оваа средба поради поканата во која Косово не се третира како држава, туку e наведено дека во официјалните соопштенија ќе се споменува со фуснота, пренесува „Танјуг“.

Мета рече дека поради тоа косовските претставници биле принудени да не учествуваат во овој самит.

„Како можеме да се преправаме дека имаме успешна регионална соработка, кога некои од учесниците на самитот прават се за да исклучат некои држави од можноста да имаат корист од регионалните иницијативи. Вистинско време е БиХ да го признае фактот дека Косово е независна и суверена држава. Почитувањето на соседите е од суштинско значење за земјите од Западен Балкан“, истакна албанскиот претседател.

Косово не беше покането со статус на независна држава, со оглед на фактот дека домаќинот на самитот БиХ не го признава.

Мета пристигна во Сараево во понеделникот навечер и покрај претходните најави дека неговата земја целосно ќе го бојкотира овој настан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести