Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси е прогласен за најдобар плејмејкер во последните 10 години од страна на Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (ИФФХС).
Второто место го зазеде поранешниот играч за врска на Каталонците Андрес Иниеста, а најдобрите три ги затвори играчот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ.
Топ 10 плејмејкери на деценијата според ИФФХС:
- Лионел Меси (Барселона)
- Андрес Иниеста (Висел Кобе)
- Лука Модриќ (Реал Мадрид)
- Кевин Де Брујн (Манчестер сити)
- Тони Крос (Реал Мадрид)
- Еден Азар (Реал Мадрид)
- Нејмар (ПСЖ)
- Месут Озил (Арсенал)
- Андреа Пирло (поранешен играч на Јувентус)
- Јаја Туре (без клуб).