Home » Меси нема да го продолжи договорот со ПСЖ

Меси нема да го продолжи договорот со ПСЖ

by Журнал.мк

Лионел Меси по завршувањето на сезоната би можел да го напушти ПСЖ како слободен играч. „Лекип“, пишува дека првата преговарачка рунда околу новиот договор на Аргентинецот завршила неуспешно.

Лионел Меси има договор со ПСЖ до крајот на оваа сезона, како сега стојат работите тој нема да потпише нов. таткото на Меси, Хорхе, кој е негов менаџер, незадоволен ги напуштил преговорите и се вратил во Барселона.

Хорхе Меси не бил задоволен од финансискиот дел. Според актуелниот договор Меси заработува 40.000.000 евра, а со новиот ПСЖ му нуди плата од 30.000.000 евра по сезона.

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи и неговите соработници се приморани да му понудат помала плата на Аргентинецот за да го испочитуваат финансискиот фер-плеј.

„Во Париз долго време постоеше оптимизам дека Меси ќе остане, но тој оптимизам наеднаш стивна во изминатите неколку дена. Има се помалку шанси Меси да остане, а луѓето од Париз веруваат дека тој не сака да го потпише нов договор, туку само купува време за да преговара за трансфер во МЛС каде што го сака Интер од Мајами“, се вели во денешното издание на најтиражниот француски спортски весник.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk