Лео Меси вели дека проблем за Барса е тоа што немале добри подготовки поради далечните патувања, но прифаќа дека реалноста е таква.
Барселона со пресврт во второто полувреме го победи Интер со 2-1, Меси одигра комплетен меч и асистираше при вториот погодок на Суарез.
„Ни беше потребна оваа победа бидејќи сме во комплицирана група. Интер е одличен тим“, вели Меси.
Запрашан за неговиот однос со раководството тој рече: „Имаме добар однос. Важно е да зборуваме за денешната победа и за таа со Гетафе. Сега ја имаме Севиља за да финишираме добро пред паузата. Се креира многу неред кога нема фудбал“.
Меси и овој пат беше прашан за неговиот однос со Гризман.
„Очигледно е дека немаме проблем. Имам добар однос со сите. Потребна ни беше победата и се надевам дека сега ќе се кренеме. Ќе ни даде поттик. Сите големи екипи имаа тешки подготовки, немавме добра тренинг база и тоа не е критика. Кога постојано патувате не тренирате добро, тоа е реалноста. Но неопходно за клубот е да ги организира таквите натпревари бидејќи тоа сите го прават“.