-8.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Меси и Лапорта требаше да се сретнат во Париз, но се знае кој го забрани тоа на крајот

Најчитани вести

Лионел Меси успеа да ја освои Златната топка по седми пат во кариерата.

Аргентинецот е апсолутен рекордер по бројот на освоени Златни топки, а најблиску до него е Кристијано Роналдо, кој во досегашната кариера освои пет од овие награди.

На свеченоста во Париз во понеделникот имаше многу познати личности, а тука беше и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, кој дојде да ја придружува експедицијата на каталонскиот клуб.

Сите чекаа Лапорта и Меси да се сретнат и да се поздрават, но претседателот на Барселона потврди дека тоа на крајот не се случило.

Се шпекулира дека не се во најдобри односи откако Меси ја напушти Барселона и тој се налутил што клубот не може да му даде нов договор. Сепак, шпанските медиуми пренесуваат дека средбата помеѓу Лапорте и Меси била планирана, но тоа не се случило.

Каталонските медиуми објавија дека главен виновник за ова е таткото на Меси, Хорхе, кој му забранил на својот син да се поздрави со Лапорта бидејќи е многу лут на претседателот на Барселона.

Тој ова лето побара од Лапорте да направи се за да го задржи неговиот син во клубот, па дури и да потпише 50-годишен договор со ЦВЦ, што Ла Лига го побара од Барселона, но претседателот на каталонскиот клуб на крајот одби.

Барселона поради финансиската криза не можеше да му понуди нов договор на Меси, а Аргентинецот на крајот премина во ПСЖ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com