1.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Меси и голманот Мартинез го уништија Јери Мина

Најчитани вести

Аргентина, по изведувањето на пенали, ја победи Колумбија и се пласира во финалето на Копа Америка. Апсолутен херој на Аргентинците е голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, кој им ги одбрани пеналите на Кардона, Санчез и Јери Мина.

Мина, фудбалерот на Евертон, пред да го изведе пеналот, а и потоа бил жестокот провоциран од Лионел Меси и голманот Мартнез.

Мина, во четврт-финалето, во кое Колумбија на пенали го победи Уругвај, ги провоцираше Уругвајците откако постигна гол од пенал.

Аргентинците, најверојатно од колегијалност, не го заборавиле неговото однесување.

„Зошто сега не танцуваш?“, му рекол Меси на поранешниот соиграч од Барселона.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести