Home » Меси го однесе Интер Мајами до првата титула и стана играч со најмногу трофеи во историјата

Меси го однесе Интер Мајами до првата титула и стана играч со најмногу трофеи во историјата

by Lina Muslija

Интер Мајами го победи Нешвил на пенали за да ја освои својата прва титула во историјата, а Меси ја продолжи својата голгетерска серија и го постигна својот 10-ти гол во седум натпревари откако пристигна во САД. Во 24. минута прекрасно погоди за водство на Интер од 1:0.

Во вториот дел, напаѓачот на Нешвил, Фафа Пико, израмни на 1:1, а откако немаше повеќе голови, започна пенал-рулетот.

Прв шутираше Меси и погоди, а во регуларната серија од по пет пенали по еден играч од двата тима промаши, за потоа да се оди до дури 11 удари. Победникот беше решен со дуел меѓу голманите. Голманот на Интер, Дрејк Календер постигна гол, а потоа го одбрани ударот од неговиот колега од Нешвил, Елиот Панико.

Со потегот на доделувањето на трофејот, Меси ја покажа сета своја големина.

Иако Меси веднаш по пристигнувањето во клубот ја доби капитенската лента, на церемонијата ја соблече и му ја даде на ДеАндре Једлин, Американецот кој беше капитен пред неговото доаѓање во клубот.

Једлин најпрво се збуни, но Меси му го даде пехарот и му рече да го однесе на подиумот каде што ги чекаа сите негови соиграчи и заедно да ја подигнат.

Овој Лигс куп е прв трофеј за Меси во дресот на Интер, а со него стигна до бројката од 44 освоени трофеи во кариерата, со што го собори рекордот на Дани Алвес (43) и стана најтрофејниот фудбалер во историјата.

Меси освои 35 титули со Барселона, 5 со Аргентина, 3 со ПСЖ и 1 со Интер Мајами.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk