Home » Мерцедес и Ферари ниту наредната сезона нема да му парираат на Ред бул

Мерцедес и Ферари ниту наредната сезона нема да му парираат на Ред бул

by Журнал.мк

Поранешниот шампион во Формула 1, Нико Розберг, смета дека следната година ќе им биде многу тешко на Мерцедес и на Ферари да му парираат на Ред бул во борбата за шампионската титула.

Ред бул ја освои титулата кај конструкторите во неделата откако Макс Верстапен победи на трката во Остин, а холандскиот возач оваа сезона ја одбрани шампионската титула на трката во Јапонија.

Ферари покажа дека има брз болид оваа сезона, но грешките во тактиката, проблемите со болидите, како и грешките на неговиот возач Шарл Леклер доведоа да испадне од трката за титулата.

Мерцедес, пак, имаше лош почеток на сезоната бидејќи не успеа да се приспособи на новите правила, кои стапија на сила оваа година и покрај тоа што се подобри во остатокот од сезоната. Сепак, не можеше да му парира на Ред бул.

  • Ред бул сега е доминантен како Мерцедес во претходните години. Рано ја обезбедија титулата кај конструкторите и имаат доминантен тим во секоја област во моментов, како што имаше Мерцедес. Тие имаат болид, имаат стапка на развој во текот на сезоната, а сега и доверба. Имаат возач кој е најдобар или еднаков на најдобриот во Формула 1, имаат стратегија – секогаш правилна, во секој момент. Сè се склопи на неверојатен начин. Исто така, нивниот мотор е одличен. Ред бул сега е дефинитивно во период кога на кој било друг тим ќе му биде тешко да му се доближи, дури и следната година – изјави Розберг за „Скај спортс“.

Мерцедес сезонава нема победа во шампионатот, во неделата, во Остин, беше блиску, но Луис Хамилтон го освои второто место, зад Верстапен.

  • Ќе биде навистина тешко за Ферари или дури и за Мерцедес да се приближат. Ахиловата петица на Мерцедес е константно темпо, тие се толку бавни на правците, особено против Ред бул – додаде Германецот.

Розберг ја освои шампионската титула во Формула 1 со Мерцедес во 2016 година, а потоа се пензионираше.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More