Меркел по третото тресење во јавност: Не грижете се за мене, во добра состојба сум

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Не треба да се грижите за мене, добро сум, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел откако трет пат во рок од еден месец, на јавен настан беше забележена како се тресе.

Канцеларката денеска доби тремор додека стоеше до финскиот премиер, Анти Рине. Таа почна да се тресе додека се интонираа националните химни на двете земји.

„Јас сум во ред. Луѓето не треба да се грижат за мене“, изјави Меркел на прес-конференцијата по состанокот со финскиот премиер.

Германската канцеларка не беше добро ниту на 27 јуни кога стоеше веднаш до германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на церемонијата за назначување на нов министер за правда.

На Меркел тогаш и понудија чаша вода, но таа ја одби.

Речиси истата сцена се случи и десетина дена претходно, додека Меркел го пречекуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски.

З.Х.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.