26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Меркел повика на зголемување на производството на вакцини во рамките на ЕУ

Најчитани вести

Германската канцеларка Ангела Меркел повика на зголемено производство на вакцини против коронавирус во самата Европска унија и го бранеше заедничкиот пристап на ЕУ во борбата против пандемијата.

„И покрај сите тешкотии што ги имавме, мислам дека за време на пандемијата повторно се покажа дека е добро што ја имаме Европската унија“, рече Меркел обраќајќи им се на пратениците во Бундестагот пред денешниот самит на ЕУ.

Таа ја истакна важноста на механизмот за заедничка набавка на вакцини.

Во исто време, ја истакна потребата за најголемо можно производство на вакцини против коронавирус во самата Европска унија.

„Во Велика Британија се произведува за Велика Британија. Соединетите држави не ги извезуваат своите вакцини. Затоа долго време ќе зависиме од тоа што го произведуваме во Европската унија“, рече Меркел.

Флексибилност и брзина

Во моментов, како што рече Меркел, покрај Германија, и другите делови на Европа се среде третиот бран на пандемијата. „Натамошното ширење на инфекцијата мора да се запре колку што може повеќе“, рече таа.

На почетокот на своето обраќање, германската канцеларка повика во името на владата на сите државни нивоа во Германија да бидат поуспешни во борбата против пандемијата на коронавирусот.

„Ако се релаксираме врз основа на досега постигнатото, тоа нема да биде доволно. Ние мора да бидеме пофлексибилни и побрзи каде и да е можно“, предупреди канцеларката, алудирајќи на бавниот процес на вакцинација и тестирање во Германија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести