-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Меркел: Не мора да се викате Клаус или Ерика за да бидете Германец

Најчитани вести

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека мигрантите што доаѓаат во Германија се Германци иако имаат странски имиња, суптилно критикувајќи го обичајот кај белите Германци да ги испрашуваат Турците родени во Германија од каде потекнуваат.

„Интеграцијата не може да помине низ седум генерации и никогаш да не заврши само затоа што нечие име не е Ерика или Клаус“, рече Меркел во Берлин.

„Прашањето е колку долго лицето без германско име му треба да се интегрира пред целосното интегрирање? Мислам дека на секого треба да му се даде можност, додека не добие германско државјанство, да се смета за дел од оваа земја, а името не треба да игра никаква улога … “, додаде таа.

Меркел посочила дека имигрантите од други култури работеле за Германија и на тој начин придонеле за нејзината сила. Канцеларката зборувала на 60 -годишнината од потпишувањето на договорот со Турција за примање стотици илјади турски работници кои го пополнија недостатокот на работна сила во 1960 -тите.

Тогашна Западна Германија потпишала слични договори со Италија, Португалија и поранешна Југославија (1968), а Источна Германија со Мозамбик, Куба и Виетнам. На годишнината, биле доделени награди од Германската фондација за интеграција.

Меркел дојде во конфликт во 2015 со голем дел од ЦДУ / ЦСУ откако дозволи прием на повеќе од милион бегалци, главно од Сирија и Ирак. Канцеларката, која ја предводеше Германија 16 години, се повлекува од политиката по парламентарните избори на 26 септември.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com