21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Меркел бара постепено укинување на ограничувањата и повеќе тестирања

Најчитани вести

Германската канцеларка Ангела Меркел бара спроведување на постепено укинување на ограничувањата и зголемен број на тестирања, изјавија двајца учесници на состанокот на раководството на Одборот на нејзината Христијанско-демократската унија.

Таа побарала повторно да се отворат делови од општеството во три фази, почнувајќи од проширувањето на лични контакти, потоа отворање на училиштата и трето – отворање на спортските терени, рестораните и културата.

Германија ги продолжи ограничувањата до 7 март со цел да го спречи ширењето на коронавирусот, иако основните училишта и градинките почнаа од денеска да работат во десет покраини, а фризерските салони треба повторно да се отворат следната недела.

Бројот на заразени случаи од Ковид-19 во изминатите 24 часа во Германија изнесува 4.369 лица, а истовремено регистрирани се 62 починати пациенти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести