-1 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Мерил Стрип го продава својот стан во Њујорк за 18 милиони долари, а само погледот вреди цело богатство

Најчитани вести

Станот има неверојатен поглед кон Њујорк, а раскошот на истиот е тоа што ги восхитува сите. Холивудската ѕвезда Мерил Стрип (70) подготвена е за нови промени и овојпат одлучила да го продаде својот луксузен пентхаус во Њујорк за цена од 18.25 милиони долари.

Нејзиниот стан веќе се наоѓа на пазарот за недвижнини, а првобитната цена била 24.6 милиони долари. Актерката неколку месеци потоа ја спуштила цената на 19.75 милиони и по вториот неуспешен обид за продажба станот одредено време бил повлечен од пазарот.

Пространиот пентхаис го зазема целиот спрат во Ривер Лофтс која се наоѓа во модерната њујоршка област Трибека. Станот е со површина од 400 квадратни метри и нуди неверојатен панорамски поглед на Светскиот трговски центар од едната страна и Крајслер и Емпајр зградите од другата страна.

Раскошната страна е тоа што восхитува, а покрај пространата дневна соба, станот има 4 спални соби, 5 тоалети, соба за вежбање и огромна тераса која дава преубав поглед на градот, но има и лична, мала зелена оаза во срцето на бетонската “џунгла“.

Мерил и нејзиниот сопруг го купиле станот уште од 2006-та година по цена од 10.13 милиони долари.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести