12.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Мене ми го украдоа детето, тоа е најлошо!

Најчитани вести

– Разберете дека не можам ништо да зборувам. Важно сите се живи и здрави. Се разбира, дека некои украдени работи за мене имаат, пред се, сентиментална вредност, но со тоа полесно ќе се носам. Мене ми го „украдоа детето“, тоа е најлошото што ми се случи. Работите имаат вредност, но можат да се надоместат, изгубеното и украдено време без моето дете не може никогаш да се нафомести, рекла Северина по вчерашниот грабеж во нејзиниот стан во Загреб.

Инаку, како што пренесоа хрватските медиуми, во станот на пејачката се случил филмски грабеж кога во него влегле непознати луѓе, ја врзале куќната помошничка, го собрале накитот и избегале во непознат правец.

Пејачката не била во станот за време на разбојништвото, а по грабежот имало неколку полициски автомобили пред зградата, при што била спроведена истрага.

-Денес во попладневните часови, во станот сопственост на женско лице (49), извршено е кривично дело разбојништво против жена на возраст од 65 години од страна на двајца засега непознати сторители со употреба на физичка сила. Во таа прилика украден е накит. Материјалната штета сè уште се утврдува. Во инцидентот нема повредени. Се спроведува понатамошна кривична истрага со цел да се откријат сторителите, соопштија вчера од загрепската полиција за хрватските медиуми.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com