-1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Мендеш: Роналдо е најдобриот играч во историјата, тој го промени овој спорт

Најчитани вести

Агентот на Роналдо, Жорж Мендеш е полн со пофалби за Кристијано, вели дека ниту еден играч не може да се споредува со неговиот клиент.

Жорж Мендеш оваа година ја доби наградата на „Тутоспорт“ за најдобар агент за 2019 година.

„Тајната за успехот е работа 24 часа на ден. Спијам да, но со едно око отворено“, вели Мендеш.

Тој има само пофалби за Кристијано Роналдо кого го смета за најдобар во историјата.

„За мене тој е најдобриот фудбалер во историјата. Пред да почне да игра за репрезентацијата Португалија немаше освоено ништо, со него го освои Европското првенство и Лигата на нации, дополнително играше во финалето 2004. Тој го промени овој спорт. Кога дојде до Мадрид во 2009 година, Барселона беше најдобра, тие ја сочинуваа структурата на шпанската репрезентација, но се се промени. Тој дури четири пати ја освои Лигата на шампионите, невозможно е да го споредувате со некој“, вели Мендеш.

„Во последните две години Кристијано барем еднаш заслужи да ја освои Златната топка. Доколку играше за Реал Мадрид сигурно ќе ја освоеше. Следната година ќе дојде до најмалку 110 гла за португалската репрезентација, мислам дека заслужува да ја добие во следното издание. Неправда беше тоа што Меси ја доби, Роналдо ја освои Лигата на нации, но таков е живтот. Ќе видиме што ќе се случи во 2020“.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести