21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Мендеш му се јавил на Реал, Роналдо сака да се врати во Мадрид!

Најчитани вести

Новинарот Жозеп Педрерол објави дека агентот на Кристијано Роналдо, Жорж Мендеш стапил во контакт со Реал Мадрид и започнал разговори за враќање на Кристијано Роналдо.

По елиминацијата на Јувентус од Порто во Лигата на шампиони, медиумите од Италија почнаа да пишуваат дека Кристијано Роналдо е на излезна врата. Неговите големи примања се проблем за „старта дама“ поради ковид-19 кризата и доколку тој замине, „бјанконерите“ ќе имаат многу повеќе ресурси за настап на трансфер пазарот и реконструкција на тимот.

ПСЖ се посочуваше како можна десетинација, но од Шпанија сега пристигнува информација за враќање на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид.

Новинарот Жозеп Педрерол објави дека агентот на Португалецот, Жорж Мендеш стапил во контакт со раководството на „кралевите“.

Во моментов разговорите се информативни и се опипува терен, но постои желба кај двете страни со оглед на тоа дека и Реал Мадрид и Кристијано Роналдо загубија од прекинот на сработката во 2018 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести